​Тимот на Интер Мајами славеше победа во дербито против Њу Ингланд Револушн, во американската МЛС лига. Лионел Меси уште еднаш ја покажа својата магија и со неговиот гол донесе пресврт победа од 1:2.

Домашната екипа прва дојде во водство преку Даниел Газдаг, кој прецизно биеше во 53. минута. Гостите многу брзо ја вратија неизвесноста. Герман Бертераме, кој во 69. минута го израмни резултатот на теренот.
​Аргентинскиот виртуоз потоа ја презеде одговорноста. Се играше 83.минута кога Меси ја ,,измеша” домашната одбрана и го постигна победничкиот гол за својот клуб.

Со овој значаен триумф во директната пресметка, Интер Мајами стигна до вкупно 59 бодови. Тимот од Флорида го презеде второто место во Источната конференција токму на Њу Ингланд, кој има вид помалку.