Kошаркарите на ТФТ ja запишаа втората победа во македонската Супер лига. Тимот од Тафталиџе во воведниот натпревар од 4.коло, на домашен терен го совлада дебитантот во оваа конкуренција Штип.

Избраниците на Боро Смилковски славеа победа со 84-70, нанесувајќи им го на штипјани четвртиот последователен пораз.

Иако гостите одлично го почнаа натпреварот и поведоа со 0-8, сепак тука како да застанаа. ТФТ брзо воспостави резултатска рамнотежа, а на крајот на првиот квартал имаше и два поени предност. Решавачка се покажа втората четвртина која ТФТ ја доби со 11 поени разлика (26-15), па на полувремето домаќините заминаа со +13.

Во вториот дел, гостите од Штип постојано се обидуваа да ја анулираат негативата, но домаќините тоа не го дозволија и заслужено славеа.

Четворица кошаркари во победничката екипа имаа двоцифрен број на поени, а најмногу 22 Вајт. Со 13 заврши Сила дванаесет имаше Николов, а Луис додаде десет. Бадијала Камерон Хамилтон заврши како најефикасен на натпреварот со 27 поени, кога неговата екипа го претрпе четвртиот пораз.

Распоред

Се вчитуваат резултатите...

Табела

# Екипа ОН П И кош +/- Б