Екипите на Арсими и Тиквеш одиграа нерешено 1-1 во натпреварот со кој се затвори 10.коло од Првата македонска фудбалска лига.
Динамичната пресметка на стадионот во Гостивар донесе допадлив фудбал, но ниту еден тим не успеа да освои целосен плен.
Домашните фудбалери први стигнаа до предност во 38.минута преку прецизниот удар од далечина на Лорик Каба. Гостите брзо реагираа и израмнија пред самиот крај на првото полувреме. Лавал одлично асистираше, а Сила со ефектен погодок во горниот агол ја затресе мрежата за израмнување.
Во второто полувреме двете екипи имаа одлични шанси за триумф.
Окере од Тиквеш ја погоди пречката со силен удар од дваесетина метри во 81.минута. На спротивната страна, голманот Христијан Стевковски спаси сигурен гол за Арсими по ударот на Дошев во самата завршница. Според прикажаната игра, поделбата на бодовите е најреален исход од оваа возбудлива спортска средба.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|


































