Денешната фудбалска програма од 10.коло во Првата македонска лига, носи два интересни дуели во Куманово и Автокоманда.
Први на терен од 12 часот излегуваат Башкими и Силекс.
Кратовци се наоѓаат во резултатска криза и немаат победа на последните шест првенствени натпревари, бележејќи три порази и три ремија во таа серија. Домаќинот Башкими влегува охрабрен по победата над Брегалница, но истовремено се соочува со болниот пораз од 6:0 во првиот меѓусебен дуел. Бодовите им се неопходни на двата табора за пробив кон посмирен дел од табелата.
Од 14 часот фенерџијата Скопје, кој сè уште нема првенствен триумф, го пречекува второпласираниот состав на Шкендија.
Тетовци влегуваат како апсолутни фаворити во Автокоманда и целат кон нови три бода во трката за врвот. Таму во моментов е струга ТЛ која има ист број на бодови, но подобра гол разлика. И трето пласираниот Вардар има идентични 20 бода.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|






























