Машката одбојкарска репрезентација на Македонија за три дена го почнува четвртиот свој настап и тоа последователен на Европските шампионати. Во продолжение ви ги претставуваме противниците на Македонија на овој Евроволеј.

Македонија ќе биде дел од групата Б во Софија. Друштвото во групата Македонија не го доби по пат на ждрепка, туку бевме избор на домаќинот и еден од ко-организаторите, Бугарија.

Освен Бугарија, која не само што е ко-организатор, туку и актуелен светски вицешампион, за противници ги добивме и Полска (бранителот на титулата), Израел, Украина и Португалија.

Токму со против Бугарија, македонските одбојкари ќе го почнат својот настап на овој шампионат.

Бугарите со амбиции за злато

За Бугарите ова ќе биде петти пат во нивната историја да бидат ко-домаќини на Европскиот шампионат. Тие имаат 32 настап на континенталните собири, како и Французите, а пред нив се само Италијанците со 33. Единствено ЕП кое го пропуштиле Бугарите е она во 2005 година. Нашиот сосед има пет медали од ЕвроВолеј: сребро во 1951 година и бронза во 1955, 1981, 1983 и 2009 година. Ова е најголем број медали од една екипа без да освои злато.

Бугарите на ЕвроВолеј влегуваат со големи амбиции. Прво како домаќини, второ како сребрени од СП 2025 (загубија со 3:1 од Италија во финалето), а сега целат кон пласман на ЛОИ 2028 во Лос Анџелес.

На последното ЕП 2023, Бугарија со 3:0 беше елиминирана од Франција во осминафиналето. Во пресрет на ЕП 2026 Бугарија настапи на Светската Лигата на нации, а заврши како деветта со седум победи и пет порази (сите од европски селекции – Белгија, Србија, Словенија, Полска и Франција)