Со двата натпревари што ќе се играта денеска во Прилеп и Скопје ќе почне новата сезона во женската ракометна Супер лига.

Шампионскиот трофеј, како и во изминатите пет сезони, ќе го бранат ракометарките на Ѓорче Петров. Нивни ривалки за титулата се очекува да бидат ракометарките на Чаир. Токму нивниот меѓусебен дуел од првото коло е и дерби, но терминот на одигрување дополнително ќе биде утврден. Ова поради настапот на двете екипи во женската Регионална ракометна лига.

Тука се и амбициозниот тим на Атлетик, како и подмладен состав на Вардар кои ќе се обидат да се втурнат во трката за највисок пласман.

Осумте екипи ќе одиграат четирикружно, секој со секого по два натпревари дома и на гости, а вкупно 28 кола. Сезоната ќе биде долга, но се о;екува да донесе интересни натпревари, а првите два ќе се играат денеска.

Во Прилеп, на програмата е соседското „пелагониско“ дерби меѓу екипите на Деспина и битолски Пелистер. Во Скопје пак, составот на Атлетик ќе ја има улогата на домаќчин во дуелот со Спартак.

СУПЕР ЛИГА – 1 КОЛО

05.09.2026 САБОТА
16:00 часот ДЕСПИНА – ПЕЛИСТЕР
18:00 часот АТЛЕТИК – СПАРТАК
нема одредено термини
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ЧАИР
ВАРДАР – МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Ивона Кимовска