Ракометарите на Бутел и Младост одиграа драматично реми 30-30 на стартот од новата сезона во македонската Супер лига. Гостинскиот состав успеа да се спаси од пораз со погодок на само десет секунди до крајот.
Бутелчани имаа предност од четири гола разлика на седум минути до крајот, но не успеаја да ја задржат и победнички да ја почнат сезоната.
Избраниците на Стојанче Стоилов ја презедоа иницијативата во текот на првиот дел, имаа и три голови предност, но на паузата заминаа со минимална негатива од 12-13. Второто полувреме донесе целосен пресврт офанзива на домашните ракометари, кои стигнаа до највисоките +4 (18-14) во 36 минута.
Предноста Бутел ја одржуваше сè до резултат 30-26. Тогаш гостинскиот голман Илиќ влезе во серија одлични интервенции, што внесе огромна несигурност во нападот на домаќините. Казнети беа сите технички грешки, па Пејиќ со својот клучен погодок му донесе голем бод на новиот суперлигаш.
Најефикасен кај Младост беше Даниел Андоновски со осум гола, додека голманот Илиќ запиша импресивни дванаесет одбрани. Во домашниот табор најмногу се истакна Дамјан Субашевски со шест погодоци, а чуварот на мрежата Марко Богдановски собра седум интервенции.
Денеска на програмата се уште два натпревари од воведното коло, кои ќе биде комплетирано утре со нови два меча.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|



































