Македонскиот ракометен првак Вардар се враќа во елитната Лига на шампиони. Вардар на 16 септември, ќе го играат првиот домашен натпревар против францускиот гигант Нант.
Раководството на клубот веќе ги пушти во продажба влезните билети за овој голем спортски настан. Картите за натпреварот се продаваат исклучиво онлајн пат преку специјализираната платформа vtickets.mk.
Цените на билетите се поделени во неколку категории во зависност од позицијата на трибините.
Најскапите билети за секторите од А1 до А6 изнесуваат 600 денари. За поголемиот дел од блоковите, вклучувајќи го и секторот Г, цената е 500 денари. Најевтините влезни билети за блоковите 1, 2, 9 и секторот А се продаваат по 400 денари.
На македонскиот шампион му е потребна силна поддршка за да ја отвори новата европска сезона со победа. Наполнете го спортскиот центар и бидете дополнителен играч на Вардар во оваа голема ракометна вечер.
Овој долгоочекуван европски спектакл ќе започне во 18:45 часот во спортскиот центар „Јане Сандански“.
Потсетување дека покрај францускиот тим, противници на Вардар во Б групата ќе бидат и германскиот Мелсунген и тимот на Висла Плоcк. Инаку поривот натпревар Вардар ќе го игра на гости во Германија со Мелсунген на 10 септември (20.45 часот).



































