Нема веќе ниту една екипа во Првата фудбалска лига на Македонија, која нема пораз. Тимот на Тиквеш ја прекина победничката серија на тетовска Шкендија. Не само што не победија, туку тетовци не освоија ниту бод во дуелот со кавадарчани.
Во натпреварот од 6.коло одигран во Скопје, Шкендија загуби од Тиквеш со 1-3.
Кобен за тетовци беше Нфанли Сила кој беше стрелец на трите гола. Фудбалерот од Гвинеја го отвори резултатот во 19-тата минута. Во второто полувреме (60) Сила го постигна својот втор гол. Шкендија се врати во игра во 68.,минута кога Ислами намали на 1-2. Сепак, Сила со својот трет гол и хет-трик во 72,минута му донесе триумф на тимот на Тиквеш.
И на првиот денешен натпревар одигран во Штип, победа славеа гостите.
Дебитантот аралчновска Шкендија со голот на Аритон Мехмед во 85.минута ја победи Брегалница со 0-1.


































