Со натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер 2, денеска стартува новата сезона во машката ракометна Супер лига на Македонија.

Токму актуелниот шампион Вардар и вториот состав на битолчани ќе го играат премиерниот натпревар.

Вардарци ќе имаат тешка задача да ја одбранат титулата, бидејќи сезонава сериозни конкуренти за неа ќе бидат и екипите на Еурофарм пелистер, Охрид и алкалоид. Ова е големата четворка, која до самиот крај на сезоната треба да се бори за трофејот, не само во шампионатот, туку и Купот на Македонија.

Во првиот дел од сезоната 12-те екипи ќе одиграат 22 кола, по што шесте првопласирани ќе продолжат во плеј-оф сегментот, разигрувањето за титулата). Оние од долниот дел на табелата (7 до 12 место) ќе играат во плеј-аут конкуренцијата.

Првото коло го носи и првото дерби, а тоа ќе се игра во недела, кога Охрид ќе го пречека вицепрвакот Еурофарм Пелистер.

Распоред

Се вчитуваат резултатите…

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б