Во Првата македонска фудбалска лига, од денеска до понеделник, ќе се играат натпреварите од шестото коло. По два натпревари ќе се играат денеска и во понеделник, а во недела нема да има натпревар.
Двојната денешна програма го носи и првиот од двата дерби дуели во оваа рунда. На теренот крај ФФМ, лидерот на на табелата тетовска Шкендија е домаќин на трето пласираниот Тиквеш.
Тетовци досега се „перфектни“ бидејќи забележаа победи на сите пет одиграни натпревари. Но, ќе имаат тешка задача да го задржат максималниот учинок. Против себе ќе го имаат вториот најдобар напад во лигата, Тиквеш, кој досега покажа дека не случајно е при самиот врв. Кавадарчани, во претходното коло во дербито со Вардар одиграа реми, со играч помалку, а беа блиску и до победа. Ќе повторат ли таква игра и во дуелот о тетовци останува да видиме во натпреварот што ќе почне од 19 часот.
Половина часа порано (18.30) во Штип, екипата на Брегалница ја пречекува арачиновска Шкендија. Штипјани досега максимално ја искористија предноста на домашниот терен и двата одиграни натпревари ги добија. Арачиновци пак одиграа три гостински дуели. Првиот во Струга го загубија но потоа славеа во Кавадарци и Куманово. Оттаму и овој натпревар се очекува да донесе неизвесност и борба за бодовите.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|






























