Фудбалската репрезентација на Македонија, на последните четири натпревари е без постигнат гол. Два тешки порази од 0-4 и две „ремија“ без постигнат гол е ефектот на црвено-жолтите.

Последните два дуели со БиХ (0-0И и Турција (0-4), донесоа нов пад на македонската селекција на ФИФА ранг листата. Така сега Македонија е  69-тото место на оваа листа. На сметка на падот на Македонија, прогресира Саудиска Арабија и Ково Верде.

Што се однесува до најдобрите, лидер е актуелниот светски шампион Аргентина, пред Шпанија, Франција, Англија и Португалија. Списокот на ТОП-10 го заокружуваат: Бразил, Мароко, Холандија, Белгија и Германија.