Kошаркарите на Њујорк Ниски победнички и тоа на гостински терен го започнаа големото НБА финале.
До дванаесетта последователна победа во плеј-офот Никси стигнаа на теренот на Сан Антонио славејќи до 95-105.
Иако домашниот состав во поголемиот дел од натпреварот имаше предност, а во третиот квартал дури и 14 поени, сепак гостите фуриозно го завршија мечот. Спарс на 11 секунди до крајот водеа со 95-94, по што Њујорк направи серија од 0-11 и победи.
Џејлен Бронсон со 30 поени, од кои 14 во последниот квартал, беше предводник на Њујорк во оваа победа. Карл Ентони Таунс натпреварот го заврши со двоен ефект со 18 поени 12 скока. На спротивната страна Виктор Вембањама исто така имаше дабл-дабл сп 26 поени и дванаесет скока.
И вториот натпревар од финалето што се игра во четири добиени, е на теренот во Сан Антонио, веќе во сабота (2.30 часот).



























