Фудбалската репрезентација на Македонија, денеска отпатува за Сараево каде утре ќе ги одигра првиот од двата контролни натпревари предвидени за повој период.
Македонските фудбалери не успеаја да се пласираат на Мундијалот, па сега ќе бидат спаринг партнери на селекциите на кои им успеа тоа, БиХ и Турција.
Селекторот Гоце Седлоски на двата натпревари не ќе може да смета на капитенот Енис Барди. Тој поради повреда ќе ги пропушти овие дуели.
Седлоски кој повикаа 27-мина фудбалери, од кои и неколку дебитанти, ќе се обиде да ја врати атмосферата во репрезентацијата. Ова по неуспехот со Данска во баражот на Светското првенство.
Утрешниот натпревар меѓу БиХ и Македонија што ќе се игра во Сараево ќе почне од 20.30 часот
Два дена подоцна во Истанбул, дуелот со Турција ќе почне од 19.30 часот.





























