Денес, во просториите на Ракометната федерација на Македонија, на 14 клуба од Првата машка лига и 7 клуба од Првата женска лига им беше доделена спортска опрема за претстојните сезони.

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, на претставниците на клубовите им врачи комплети дресови, шорцеви и тренерки, како и ракометни топки.

Со оваа поддршка, Ракометната федерација на Македонија продолжува да инвестира во развојот на клубскиот ракомет и создавањето подобри услови за работа и натпреварување.