Машката одбојкарска репрезентација на Македонија веќе пристигна во Софија, каде во среда ќе го почне четвртиот свој настап, последователен, на Европските шампионати.
Во ведро расположение избраниците на селекторот Јошко Миленковски го одработија првиот тренинг во Арената “8888”, каде ќе се играта натпреварите од Б групата.
Во неа напите одбојкари за противници ќе го имаат ко-домашинот Бургија против кој во среда го почнуваме Европскиот шампионат. Потоа ќе следува селекцијата на Украина, па актуелниот европски шампион Полска.,
Шансите за победа, македонските одбојкари ќе ги бараат во последните два меча против Португалија и Израел.
комплетниот распоред и саатницата на одигрувањето на натпреварите, може да ги видите овде. 👇👇👇




































