Екипата на Струга Трим Лум го совлада Силекс со 1-0 во дербито од 6.коло на Првата фудбалска лига.

Првата закана ја видовме пред домашниот гол. По корнерот од десната страна, Шеро кој беше на првата статива, биеше во надворешниот дел од мрежата на стружани. На спротивната страна, во 30.минута ударот на Радевски гостинскиот голман Љупче Џиков фантастично го одбрани.

Во вториот дел домаќините тргнаа по офанзивно. Таквата игра донесе и водство, кога во 59.минута, Французинот, Ласана Диако по еден корнер, најдобро се снајде во гостинскиот шеснаесетник за 1-0 за Струга.

Во 74.минута малку недостасуваше гостите да израмнат, По слободниот удар на Ангелески топката зафати еден од домашните фудбалери во живиот ѕид, и за малку заврши над голот на стружани во корнер. десет минути подоцна, домаќините имаа многу среќа бидејќи ударот на Герасов заврши во пречката од голот на стружани. Истиот фудбалер во судиското дополнение за малку биеше крај домашниот гол, па стружани може да се радуваат на победата.

За кратовци ова беше третиот последователен пораз во дуелите со конкурентите за титулата, Вардар, Шкендија Тетово и денеска Струга Трим Лум. Стружани пак се враќаат на втората позиција на табелата со два бода помалку од тетовци.

Ова шесто коло ќе биде комплетирано со вечерашниот натпревар на ФФМ (19 часот), во кој шампионот Вардар е во улога на апсолутен фаворит во дуелот со Аресими.

Распоред

Се вчитуваат резултатите…

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б
Лига шампиони
Конференциска лига
Бараж за опстанок
Испаѓање