Спортскиот свет вечерва пишува нова историја со Новак Ѓоковиќ и Ајлин Гу на грандиозната сцена во Мадрид. Најдобриот тенисер на сите времиња и олимписката шампионка со слободно скијање, ќе бидат првите активни спортисти во улога на водители на „Laureus“.
Овој историски преседан во палатата „Сибелес“ ги обединува врвното спортско мајсторство и глобалното влијание на овие две икони.
Академијата „Лауреус“ вечерва избира меѓу најдобрите спортисти кои со своите резултати го воодушевија целиот свет изминатата сезона.
Новак Ѓоковиќ е рекордер со вкупно 5 статуетки „Лауреус“, за најдобар спортист на светот. Со овој успех тој се израмни со легендарниот Роџер Федерер на врвот на вечната листа. Неговите признанија се освоени во следните години. Последната ја доби токму во Мадрид пред две години (2024).
Ајлин Гу, иако многу помлада, веќе остави неизбришлива трага како првата скијачка во слободен стил со вакво признание. Таа беше прогласена за Најдобар спортистка на светот во 2023 година. Оваа награда ја доби по нејзиниот историски настап на Олимписките игри во Пекинг 2022, каде освои три медали (две злата и едно сребро).
Овде може да ја видите комплетната листа и категории на номинираните за годинава.































