Ракометниот клуб Вардар започнува иницијатива за зачувување на клупската историја. Тоа ќе биде направено преку формирање на нова трофејна соба во рамките на салата „Расадник“.
Со оваа иницијатива клубот сака да ги собере и зачува оригиналните дресови со кои Вардар настапувал низ годините. Дел од нив веќе се наоѓаат во сопственост на клубот. Сепак, желба е да биде комплетирана колекцијата и да се обезбедат што е можно повеќе оригинални и добро сочувани дресови од различни периоди.
Во иницијативата и повикот на Вардар се вели:
Секој дрес носи своја приказна. Тој е дел од некој натпревар, победа, генерација и емоција што го граделе Вардар како клуб. Затоа сакаме сите тие моменти да ги обединиме на едно место и да ги зачуваме за идните генерации.
Ги повикуваме сите навивачи и симпатизери кои поседуваат вакви дресови, а се во добра состојба и со позната сезона од која потекнуваат, доколку сакаат да ги донираат, да не контактираат. Секој дрес ќе биде прегледан од клубот и ќе биде прифатен доколку недостасува во колекцијата или е во подобра состојба од постоечкиот.
Како благодарност, клубот ќе обезбеди:
– нов дрес или комплет
– сезонски билет
– VIP пристап во салата
– средба со тимот
– организирана тура низ салата и средба со ракометаритеОва е можност секој навивач да стане дел од историјата на Вардар и да остави свој белег во клубот.
побарај не на:
е-пошта: contact@rkvardar1961.com
телефон : 070 936 601
пишини на социјалните мрежиВардар е повеќе од клуб.
Иницијативата е за поздравување, бидејќи Вардар заслужува такво историско „катче“.
А, Стоилов и Манасков !?
Двократниот европски шампион објави интересен постер со дел од своите легенди.
Но. Случајно или не, на постерот ја нема најголемата и нај препознатлива вардарова легенда Столе Стоилов!? Со својата борбеност, лојалност и пред се однос кон вардаровиот дрес, Стоилов апсолутно заслужува да се најде и на централното место.
Веднаш до него сигурно мора да се најде место и за легендарниот Пепи Манасков, кој во неколку наврати го носеше црвено-црниот дрес на Вардар.

































