За повеќе од еден час Македонија во Копенхаген ќе го почне бараж дуелот со Данска за пласман на Светското првенство.
На своето официјално деби, новиот селектор Гоце Седлоски со изненадување во шпицот на нападот.
Го нема стандардниот шпиц Миовски, а таму според формацијата и позициите ќе бидат Ќамили и Растодер. Миовски и Трајковски стрелецот на историскиот гол против Италија остануваат на клупата.
Ова е изборот на Седлоски.


































