Репрезентациите на Данска и Македонија на стадионот „Паркен“ во Копенхаген го играат полуфиналниот бараж за Светското првенство.
Во првиот дел домаќините беа оние кои доминираа. Натпреварот започна со офанзива на Данците кои создадоа неколку шанси. Сепак благодарение на Столе Димитриевски, резултатот по 45.минути остана почетниот 0-0.
Најчесто се играше на половината на Македонија. Првата посериозна шанса ја имаше Хојберг во 24.минута. Тој биеше од 20-тина метри, но Димитриевски со прекрасна парада успеа да ја сочува нашата мрежа. Во 38.минута од далечина се обиде и Бах, но неговиот удар заври крај голот на Димитриевски. Само три минути подоцна малку фалеше Данците да поведат, но повторно Димитриевски спасуваше.


































