Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва го одработи официјалниот тренинг пред утрешниот бараж дуел со Данска.

Избраниците на селекторот Гоце Седлоски, во позитивно расположение, го почувствуваа теренот на „Паркен“ стадионот каде ќе се игра натпреварот. Сигурно дека утревечер нема да биде исто, бидејќи домашните фудбалери ќе имаат огромна поддршка од трибините.

Но, знаела македонската „фаланга“ многупати да биде погласна од далеку побројните противнички навивачи. Најавено е присуство на најмалку 1.000 македонски навивачи, но веројатно бројот ќе биде и далеку поголем кои ќе го бодрат црвено-жолтиот тим.

Полуфиналниот дуел Данска – Македонија што ќе се игра утревечер ќе почне во терминот од 20.45 часот.