Данска е првата пречка на Македонија во вториот обид да се најде на завршницата на Светското првенство.
Откако тоа не успеа пред четири години сега оваа генерација на фудбалери има нова можност со две победи да дојде до историски настап на Мундијалот.
Но, прво треба да се мине пречката наречена Данска против која ќе играме утревечер на нивните еден во Копенхаген. Данците себеси се сметаат за фаворити, притоа давајќи потценувачки изјави за нашата селекција.
Но, според капитенот на Македонија, Енис Барди тој е дополнителен мотив за неговите со играчи.
„Добро ги анализиравме и ги подготвивме сите детали. Свесни сме против кого играме и што не чека, но и ние имаме свои адути.
По претходните натпревари извлековме важни лекции и тие ни помогнаа да се подобриме како тим. Новите играчи се вклопија одлично и атмосферата во тимот е на високо ниво, функционираме како едно.
Во вакви натпревари мотивацијата никогаш не недостасува. Потценувањето само дополнително нè мотивира. Поддршката од навивачите секогаш ја чувствуваме и ќе дадеме сè од себе да ги направиме горди.“
Како и колку мотивирано ќе изгледа сето тоа, останува да видиме во утрешниот меч што ќе почне од 20:00 и 45 минути.

































