Организаторот на бараж натпреварот за пласман на Светското првенство меѓу Данска и Македонија соопшти дека од почетокот на следната недела ќе почне со дистрибуција на влезниците.
Сите оние кои купиле билети за секторот кој е предвиден за навивачите на македонската репрезентација, од понеделник на своите меил адреси ќе ги добијат влезниците.
Според последните информации, во продажба има уште мал број на билети. Оние кои немаат обезбедено карти, а сакаат да ја бодрат Македонија на дуелот до Данска во Копенхаген може да купат.
Полуфиналниот бараж натпревар меѓу Данска и Македонија се игра на 26 март на „Паркен стадионот“ во Копенхаген.


































