Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер е првиот полуфиналист во ракометниот Куп на Македонија.
Пелистерци со две победи во групата Г, чии натпревари се играа во Битола, очекувано изборија место на завршниот „фајнал-фор“ турнир. Откако вчера го совладаа убедливо тимот на Струга со 44-19, денеска во дуелот за пласман во полуфиналето еа подобро екипата на Прилеп со 30-28.
Локалните „ривали“ се прикажаа како достоен противник, но не можеа а направат изненадување во дуелот со зелено-белите кои настапија без неколкумина клучни првотимци.
Попладнево се игра и првиот натпревар од „В“ групата и тоа во салата „Биљанини извори„ во Охрид. Таму домашниот состав на Охрид е фаворит во делот со Тиквеш, но и Куманово и Млаз Богданци кои во недела ќе играат во второто полуфинале.
КУП НА МАКЕДОНИЈА МАЖИ – ЕЛИМИНАЦИСКА РУНДА
| А група (Јане Сандански) сабота 12.00 МУЛТИ ЕСЕНС – Е.ПЕЛИСТЕР 2 14.30 БУТЕЛ СКОПЈЕ – ВАРДАР Финале 19.00 | В група (Биљанини извири) петок 18.00 ТИКВЕШ – ОХРИД недела 13.00 КУМАНОВО – МЛАДОСТ БОГДАНЦИ Финале 18.00 |
| Б група (Автокоманда) сабота 11.00 РАДОВИШ – АЛКАЛОИД 13.30 ПРОЛЕТ – МАКЕДОНИЈА ЃП Финале 19.30 | Г група (Боро Чурлевски) четврток ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – СТРУГА 44-19 РИЛЕП – ДРАЧЕВО 41-34 петок E.ПЕЛИСТЕР – ПРИЛЕП 30-28 |



































