По супер ефикасниот дуел во Истанбул со седум голови, нешто послаба ефикасност на вечерашните три натпревари во Лигата на шампиони.

Дербито се играше во Лисабон, каде Бенфика го пречека Реал.

И овој натпревар како и претходниот од последното коло во групната фаза мина со многу тензии и возбудувања. На крајот Реал се радуваше со резултат 0-1. Во првиот дел домашниот голман Трубин беше виновникот што мрежите мируваа. Затоа по пет минути игра во вториот дел Винициус на ефектен начин успеа да ја затресе мрежата на Трубин и да донесе водство на Реал со 0-1.

Тензично беше до крајот на мечот, со бројни остри стартови и неколку шанси за гол, но резултатот остана не променет.

СИТЕ ГОЛОВИ ОД ДЕНЕШНИТЕ НАТПРЕВАРИ

Француското дерби меѓу Монако и ПСЖ го доби актуелниот европски првак. Гостите од Париз иако губеа 2-0, сепак благодарение на два гола на Десир Дуе направија к0омплетен пресврт и победија со 2-3.

Со двата гола на Американецот, Фоларин Балогун (1 и 18.минута), домашниот тим дојде до брзо водство. Витиња (22) не реализира пенал за парижаните, но затоа Дуе беше ефикасен во 29-тата минута и намали на 1-2. Веќе во 40-тата беше 2-2, а погоди Хакими. Пресвртот дојде во второто полувреме (62.минута) со вториот го, на 20-годишиот Дуе.

Во Дортмунд, Борусија ја победи италијанската Аталанта со 2-0. Стрелци на головие беа Серху Гираси (3.минута) и Максимилијан Бејер (42).

Реванш натпреварите ќе се играат на 25 февруари, а утре на програмата се нови четири дуели.

Следете нé на социјалните мрежи

Лигата на шампиони – 1/16 финале

Вторник
Галатасарај – Јувентус 5-2
Бенфика – Реал Мадрид 0-1
Борусија Дортмунд – Аталанта 2-0
Монако – ПСЖ 2-3
Среда
Карабах – Њукасл (18.45 часот)
Бриж – Атлетико Мадрид (21 часот)
Бодо Глим – Интер
Олимпијакос – Баер Леверкузен