Фудбалерите на Башкими впишаа важна победа, за сигурен пласман на средината на табелата во Првата лига.

Во последниот натпревар до 18 коло Башким на домашен терен во Куманово го победи Пелистер минимално со 1-0.

Единствениот гол натпреварот беше постигнат во првиот дел односно 38-та минута. По корнерот на Алити, на вистинското место се најде Хасан и ја погоди мрежата на битолчани за водство на Башкими од 1-0.

Иако во продолжението натпреварот двата има имаа неколку изгледни прилики за гол сепак резултатот остана непроменет.

Со новите бодови, а вкупно 26, Башкими ми се зацврсти на петтото место на табелата. Кумановци сега ја имаат пет бодови повеќе од Тиквеш, односно дури седум од Македонија Ѓорче Петров, екипи кои се во зоната за играње на бараж за опстанок.

Пелистер е зад овие две екипи, а има 19 бодови како и ѓорчепетровци, но битолчани се во зоната за испаѓање од елитната конкуренција.

Standings provided by Sofascore