Дека спортот во македонија едвај врзува крај со крај и не е некоја новина или тајна. Спортистите со месеци немаат земено ниту денар, од тешко заработените и заслужени, а и онака лами плати.

Ова е генералната слика во најголемиот (огромен) дел од макеоднскиот спорт. Секако, исклучоци има. Клубовите најчесто како изговор се повикуваат на не исплатените средства од т.н „ваучер“ или по ново субвенција.

Дојде време и тоа да се реши, па Министерот за спорт Борко Ристовски во интервју за “Плусинфо“ најави дека парите конечно ќе легнат на сметките на клубовите, а пред се спортистите.

Деновиве започнува исплатата на субвенциите, односно средствата коишто ги има одвоено државата преку Министерството за спорт за субвенционирање на националните спортски федерации, клубовите и на поединци. Завршени се сите процедури и обврските што беа преземени ќе бидат реализирани.

Во мај ќе започне исплатата на средствата од игрите на среќа. Основен критериум за распределба на средствата се резултатите што претставува значајна разлика во однос на минатото. И, за разлика од претходно, спортските субјекти сега ги добиваат парите од државата директно на сметка“.