Лидерот на табелата во Првата македонска фудбалска лига Вардар ја потврди фаворитската улога во дуелот против Работнички.

Во натпреварот 18 коло, одигран попладнево на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, вардарци го победија претпоследно пласираниот Работнички со 3-0.

Триумф од вардарци го најавија уште во 8 минута преку Горан Захариќ за водство од 1-0. На вториот гол не се чекаше долго. Во шеснаесеттата минута во Омерегиќ иако играше со високо крената нога пред голманот на Работнички, успеа да ја смести топката во неговата мрежа. Судијата Стојчевски но и оние од ВАР собата не реагира, па Вардар поведе со 2:0.

По само две минути игра во вториот дел новајлијата Цветковиќ со својoт втор гол во дресот на Вардар, го зголеми водството на 3-0.

Со новите бодови и вкупно 48 Вардар се зацврсти на првото место на табелата. Вардарци сега имаат шест бодови повеќе од второпласираната шке6ндија која вчера славеше против Тиквеш.

Зад овој двоец се Струга Т.Л. со 41 и Силекс од 32 бода. Овие две екипи во овие моменти го играат второто полувреме од дербито во оваа рунда.

ПРВА ЛИГА – 18 КОЛО

недела (15.02.2026)
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 0-3
СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС (14 часот)
понеделник (16.02.2026)
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ (13 часот)
АРСИМИ – БРЕРА СТРУМИЦА (14 часот)
вторник (17.02.2026)
БАШКИМИ – ПЕЛИСТЕР (14 часот)
сабота (14.02.2026)
ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА 1-4

Standings provided by Sofascore