Супер интересен натпревар со пет гола и пресврт во финишот одиграа фудбалерите на Струга Трим Лум и Силекс.
Дербито од 18 коло заврши со победа на гостите со 2-3, иако стружани во два наврати имаа водство.
Марјан Радевски со прекрасен гол во 22.минута донесе водство на домашната екипа.
Во вториот дел гостите од Кратово тргнаа по офанзивно. Тоа даде ефект во 53.минута кога Босанецот, Алиќ ја казни заспаноста на домашната обрана и израмни на 1-1. Но само седум минути подоцна Компаоре пак ја врати предноста на стружани казнувајќи ја нерешителноста на голманот Џеков за 2-1.
Домашните фудбалери како да се опуштија по тоа водство па им дозволија на гостите да ја преземат играта во свои раце. Тоа кратовци знаеја да го искористат и со двата брзи гола на Марко Николовски (81) и Португалецот, Пирез (85) направија комплетен пресврт за победа од 2-3.
Овој пораз на стружани им од во прилог на Вардар и Шкендија, конкурентите за титулата, кои славеа победи во оваа рунда. Вардарци сега имаат седум, а тетовци еден бод повеќе од стружани кои паднаа на третата позиција на табелата. Силекс е на четвртото место со шест бодови помалку од Струга.
ПРВА ЛИГА – 18 КОЛО
недела (15.02.2026)
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 0-3
СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС 2-3
понеделник (16.02.2026)
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ (13 часот)
АРСИМИ – БРЕРА СТРУМИЦА (14 часот)
вторник (17.02.2026)
БАШКИМИ – ПЕЛИСТЕР (14 часот)
сабота (14.02.2026)
ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА 1-4






























