Нови два натпревари попладнево ќе се одиграат во рамките од 18-то коло на Првата македонска фудбалска лига.

Во Струга ќе се игра дербито од оваа рунда.

Таму екипата на Струга Трим Лум, која е на 3.место на табелата, го пречекува четврто рангираниот Силекс. Стружани во претходното коло загубија на гостувањето кај шампионот Шкендија. Кратовци пак, неочекувано пред својата публика одиграа нерешено без голови со Башкими. Доколку сакаа да го одржат чекорот со водечкиот двоец на табелата Вардар и Шкендија, на двете екипи денеска неопходни им се трите бодови.

Овој натпревар ќе стартува во терминот од 14 часот, а еден час порано ќе почне првиот денешен дуел.

Во него лидерот на табелата Вардар ја има улогата на апсолутен фаворит во дуелот веќе отпишаниот Работнички кој е претпоследен.

ПРВА ЛИГА – 18 КОЛО

недела (15.02.2026)
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР (13 часот)
СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС (14 часот)
понеделник (16.02.2026)
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ (13 часот)
АРСИМИ – БРЕРА СТРУМИЦА (14 часот)
вторник (17.02.2026)
БАШКИМИ – ПЕЛИСТЕР (14 часот)
сабота (14.02.2026)
ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА 1-4

Standings provided by Sofascore