Фудбалерите на Пелистер впишаа важна победа во борбата за опстанок во ПМФЛ.
Битолчани пред својата публика, во последниот натпревар од 17 коло, го совладаа Работнички со 4-1.
Србинот, Лука Булатовиќ со хет-трик беше творец на овој триумф на зелено-белите. Серијата ја отвори во 16.минута за водство од 1-0, а во 34-та зголеми на 2-0. До крајот на првиот де, гостите преку Демир од пенал во 36-та намалија на 2-1. Со својот трет гол, постигнат во 49.минута, Булатовиќ повторно донесе предност на Пелистер од два гола. Конечните 4-1 за битолчани ги постави Керим во четвртата минута од судиското дополнение.
Со новите бодови, а вкупно 19, Пелистер на 9 место на табелата, со еден во помалку од струмичка Брера, a 2 односно 3 од Тиквеш и Башкими. Тимот на Работнички е претпоследен со само 7 освоени бодови и е се поблиску до преселба во второлигашката конкуренција.




































