Седумнаесеттата рунда во Првата македонска фудбалска лига, прва од пролетниот дел, продолжува денеска со два нови натпревари.
Лидерот на табелата Вардар ќе го пречека составот на Арсими, кој е пријатно изненадување од есенскиот дел од шампионатот. Вардарци со неколку нови засилувања, ќе се обидат во продолжението на сезоната да ја задржат позицијата и да стигнат до шампионскиот трофеј. Од друга страна пак, Арсими иако е во горниот дел од табелата, сепак го очекува м борба за избегнување на местата кој водат во баражот за опстанок. Овој натпревар ќе се игра на теренот „Петар Милошески“ крај ФФМ во терминот од 13 часот.
Еден час подоцна (14), во Кратово, фудбалерите на Силекс ќе го играат натпреварот против кумановски Башкими.
Креативци се на четвртото место на табелата и уште со надеж за излет на европската сцена. Затоа бодовите за избраниците на Васоски се од исклучителна важност. Исто како Арсими и тимот на Башкими е во горниот дел од табелата, но сеуште во опасната зона.
ПРВА ЛИГА – 17 КОЛО
Среда (11 февруари)
13.00 ВАРДАР – АРСИМИ (терен ФФМ)
14.00 СИЛЕКС – БАШКИМИ
Четврток (12 февруари)
13.00 БРЕРА СТРУМИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП
14.00 ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ
Вторник (10 февруари)
ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 2-0
ШКУПИ – ТИКВЕШ 0-6




































