Феникс ќе биде противникот на ТФТ во првиот четвртфинален натпревар од кошаркарскиот Куп на Македонија чија завршница ќе се игра во Куманово.

Своите очекувања ги презентираше Денис Дервишевиќ, шефот на стручниот штаб на екипата на Феникс 2010.

„Голема чест е да бидеш дел од Ф4, ова е наша четврта година како учествуваме во Купот, наш најголем успех е пласман во финалето. Нашите амбиции се секогаш да играме финале, се игра ден за ден, а во мечевите може да се случи се. Играме со лидерот, се надевам дека ќе успееме да го изненадиме“.

Иван Волканоски беше краток во врска со своите очекувања:

„Не очекува тежок меч, свесни сме за квалитетот на ТФТ и знаеме дека во овие Куп-натпревари нема фаворити. Сигурен сум дека ќе дадеме се од себе и се надевам дека ќе успееме да победиме“.

 

Сепак улогата на фаворит ќе ја има вице-првакот и првопласиран тим на табелата ТФТ. 

„Се работи за екипа која донесе засилувања на завршницата од првенството и сигурно ќе биде доста сериозен предизвик за старт.

Со еден сериозен пристап, ќе одиме од меч во меч, со надеж дека повторно ќе ја повториме серијата и ќе го освоиме турнирот“, вели тренерот Боро Смилковски. 

Натпреварот Феникс – ТФТ ќе бие првиот, а закажан е за во петок од 12 часот.

Следете нé на социјалните мрежи