со два натпревари одиграни попладнево во тетовика вардарци стартуваше пролетниот дел во првата македонска фудбалска лига.
ШКЕНДИЈА – СТРУГА Т.Л. 2-0
Дербито се одигра под Шара, каде актуелно е првак Шкендија ја пречека второпласираната екипа на табелата Струга Трим Лум. Натпреварот заврши со победа на тетовци со 2-0.
Шампионот Шкендија имаше повеќе од играта и постојано притискаше кон голот на стружани. Но, единствената голема шанса во првото полувреме ја видовме во финишот на првото полувреме односно 44-та минута. По корнерот од десната страна Ибраими биеше со глава но гостинскиот голман Ангелити со фантастична парада ја сочува својата мрежа.
Иста слика на теренот и во вториот дел. Тетовци напаѓаа, а стружани се бранеа. Конечно офанзивната игра Шкендија ја круниса со голот на Спахиу во 78-мата минута. Во финишот на натпреварот (88.минута) во листата на стрелци се впиша и Нзенгуе, за потврда на триумфот на шампионот со 2-0.
ШКУПИ – ТИКВЕШ 0-6
На вториот натпревар во Кавадарци, Тиквеш во улога на гости го совладав енергијата Шкупи убедливо со 6-0. Повеќе од јасно беше дека скопјани нема што да бараат на овој натпревар и тие одамна се отпишани.
Кавадарчани триумфот го најавија уште во првиот дел во кои беа постигнати четири гола. Стрелци беа: Садик (9 минута), Стојковски (20), Тасев (23), Голубов (44). Во вториот дел уште два гола во мрежата на чаирчани, за конечни 6-0 за Тиквеш. И двата гола ги постигна Садик (61 и 76) за да комплетира хет-трик.
ПРВА ЛИГА – 17 КОЛО
Вторник (10 февруари)
ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 2-0
ШКУПИ – ТИКВЕШ 0-6
Среда (11 февруари)
13.00 ВАРДАР – АРСИМИ (терен ФФМ)
14.00 СИЛЕКС – БАШКИМИ
Четврток (12 февруари)
13.00 БРЕРА СТРУМИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП
14.00 ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ




































