Фудбалерите на Манчестер Сити го добија дерби дуелот против Ливерпул од 25 коло во Премиер лигата.
На натпреварот одигран на „Енфилд“ гостинскиот тим славеше со 1-2 и тоа со пресврт и гол од пенал во 93.минута.
Сите три гола беа постигнати во завршните дваесетина минути.
Во 74.минута Ливерпул поведе о прекрасен гол од слободен удар на Доминик Собослај. Сепак радоста на домашниот тим не траеше долго бидејќи Бернардо Силва десет минути подоцна (84) го израмни резултатот.
Тоа како да им даде дополнително мотив на гостите од Манчестер, кои во судиското дополнение стигнаа до уште еден гол и победа.
По брзата контра и фрлената топка во шеснаесетникот на Ливерпул, домашниот голман Алисон направи прекршок за пенал. Сигурен реализатор беше Халанд за 1-2.
Ливерпул имаше шанса за израмнување, но тоа не се случи, па трите бода ги освои Сити.
Тимот на Манчестер останува на второто место на табелата (50 бодови), за Арсенал кој има шест бодови повеќе (56). Ливерпул е шести со 39 бодови.





































