Барселона остана без бразилскиот крилен напаѓач Рафиња, кој ќе паузира една недела поради повреда на мускул на десната нога.
Повредата ја заработи во победата од 3-1 против Елче на 31 јануари, а клубот потврди дека тој ќе го пропушти четвртфиналниот натпревар од Купот на Кралот против Албасете, вечерва. Сепак, очекувањата се дека ќе биде подготвен за следниот дуел во Ла Лига.
Рафиња сезонава е меѓу најважните играчи на тимот со осум голови и три асистенции во првенството, односно вкупно 13 голови и пет асистенции во сите натпреварувања.
Ова е втора негова повреда сезонава, откако во септември имаше проблем со задната ложа и паузираше речиси два месеци.
Тренерот Ханси Флик изрази жалење за новиот удар, нагласувајќи дека тимот ќе мора да се прилагоди во негово отсуство.
Барселона со гостувањето кај Албасете вечерва (21 часот), ја отвора четвртфиналната рунда во Копа дел Реј. Останатите три натпревари ќе се играат утревечер (21 часот).




































