Арсенал и Челси вечерва ќе го одиграат реваншот од полуфиналето на Карабао Купот. Со сериозни кадровски проблеми се судруваат двата тима, а дури десет играчи се под знак прашалник или сигурно ќе недостасуваат.

Кај Арсенал најголемата дилема е околу Букајо Сака. Тој се здоби со повреда при загревањето против Лидс и неговиот настап ќе биде одлучен во последен момент. Кај Хаверц и Габриел Жесус се долгорочно отсутни, а Мартин Одегард не започна во претходниот меч, но може да се врати во стартниот состав. Рикардо Калафиори е уште еден играч чија кондиција е сомнителна, па Артета ќе мора внимателно да ротира.

Кај Челси ситуацијата е исто толку комплицирана. Естевaо отпатува во Бразил поради семејни причини и неговото враќање е неизвесно. Тосин Адарабиоyо е сигурно надвор од комбинација, а капитенот Рис Џејмс и понатаму не е целосно подготвен иако беше на клупа против Вест Хем. Марко Кукурела и Жоао Педро беа резерви во претходниот натпревар, но се очекува да добијат стартна улога во реваншот.

Со толку многу повредени и сомнителни играчи, натпреварот на „Емиратс“ ќе биде вистинска тактичка битка. Арсенал најмногу зависи од тоа дали Сака ќе може да настапи, додека Челси мора да се справи со отсуството на Тосин и неизвесноста околу Естевaо.

Арсенал во мечот ќе влезе со гол предност откако првиот натпревар го доби со 3-2. кКој ќе обезбеди место во финалето, ќе дознаеме по дуелот што ќе почне од 21 часот.

Следете нé на социјалните мрежи