Последен ден на Европското првенство во ракомет, а во финалниот дуел ќе играат Данска и Германија.

Двете репрезентации досега имаа по две европски титули, но долг период ја чекаат третата.

Данска европски шампион беше во 2008 и 2012 година, додека Германија титулите ги освои 2004 и 2016 година. За ко-домаќинот Данска победата и шампионскиот пехар има и поголемо значење бидејќи на тој начин во исто време ќе бидат светски, олимписки и европски шампиони, што досега им успеало само на француските ракометари.

Данска покрај двете златни медали има и две сребра (порази во финале) и четири бронзи – вкупно осум медали, додека Германија има сребро (пораз во финале) и една бронза – вкупно четири медали.

Во дуелот за бронзениот медал ќе играат Хрватска и Исланд. Хрватска има вкупно шест медали на европските првенства (по три сребра и бронзи), додека Исланд има само една бронза.
Најуспешна нација е Шведска со пет златни медали (вкупно 7 медали), а следи Франција со четири први места (вкупно 6), Шпанија има освоено 9 медали (2 злато, 5 сребра и 2 бронзи).

Репрезентациите учеснички на последниот ден веќе еднаш играа на ова првенство во група од главната фаза. Во Хернинг Данска ја совлада Германија со 31:26, додека во Малме, Хрватска го совлада Исланд со 30:29.

Дуелот за бронзата меѓу Хрватска и Исланд почнува во 15:15 часот, додека финалето Данска – Германија почнува во 18 часот. мн/