Никола Јокиќ се врати на теренот по едномесечна пауза поради повреда на коленото.
Српскиот центар веднаш издоминира со 31 поен и 12 скокови против ЛА Клиперс.
Денвер славеше со 122-109 во меч каде Јокиќ играше само 25 минути. Ова беше негов 29-ти дабл-дабл учинок во тековната НБА сезона.
Тим Хардавеј Јуниор и Џамал Мареј додадоа по 22 поени за победничкиот тим. Мареј ја потврди одличната форма со девет асистенции и четири погодени тројки. Младиот Пејтон Вотсон исто така беше одличен и постигна 21 поен.
Јокиќ го реши мечот во последната четвртина со серија од 11 поени. Предноста на Нагетс тогаш порасна од пет на високи 16 поени разлика.
Кај гостите од Лос Анџелес се истакна Џејмс Харден со 25 поени.






























