Откако освои само два бода во претходните три кола, Арсенал се врати на победничките патеки во Премиер лигата.

Во натпреварот од 24 коло, тие славеа победа со 0-4 на гостински терен кај Лидс и сега, барем привремено, имаат седум бода предност пред Манчестер Сити.

Мартин Зубименди постигна гол за водство во 27-та минута , додека голманот Карл Дарлоу си постигна автогол 11 минути подоцна .

За да нема филеми за триумфот на „Топџиите“ на „Еланд Роуд“, се погрижија Виктор Ѓокерес во 69-та и Габриел Жесус во 86-та минута.