Колото број 13 „симна“ дел од непознатите во натпреварите до Првата македонска лига. А, во пресрет на последното, по кое ќе бидат формирани ТОП 8 групата, односно плеј-аутот, во кој ќе влезат екипите кои ќе се борат за опстанок во оваа конкуренција.

Со очекуваната победата (67:90), на гостувањето во Кавадарци, екипата на Борец баскет, стигна до ефект од 8 победи и 3 порази, каков што имаат уште три екипи во групата „Б“.

На средбата во салата „Јасмин“, Трпески реализираше 16.поени, Несторовски и Елис дадоа 14, а Сапроновски уште 11.поени.

Покрај екипата од Велес, за место во ТОП 8 фазата се изборија уште и Струмица ФМП, Соколи и Бутел. Во последното коло (викендов) ќе биде и распределбата на првите позиции во оваа конкуренција, во која екипата од Струмица веќе ги заврши своите натпревари во регуларниот дел (скор 9-3) До истиот ефект, може да дојдат и другите три, па за конечниот пласман е можно да одлучуваат нивните меѓусебни натпревари.

ГРУПА „Б“ – РЕЗУЛТАТИ 13.КОЛО

Спортисимо – Борец баскет 67:90
Овче Поле – Струмица Ролинг 82:67
Струмица ФМП – Бутел 71:83
слободен Соколи

ТАБЕЛА

1.Струмица ФМП 21 бод (9-3 победи-порази)
2.Соколи 19 (8-3)
3.Борец баскет 19 (8-3)
4.Бутел 19 (8-3) …

Стружани беа подобар ривал од Водно санс со 85:73, и дојдоа петта победа. Таа ги остава со шанси да бидат во првата „четворка“ во групата „А“. Односно со евентуална победа во последното коло (на гостувањето кај Вардар) и пораз на конкурентот (Водно санс), заедно со Охрид би можело три екипи да имаат ист „скор“ (6-6).

ГРУПА „А“ – РЕЗУЛТАТИ 13.КОЛО

Црн Дрим – Водно санс 85:73
Тетекс ТТК – Охрид 70:66
Младинец – Вардар 62:109
слободен Мега баскет

ТАБЕЛА

1.Вардар 20 бодови (9-2 победи-порази)
2.Мега баскет 20 (9-2)
3.Охрид 18 (6-6)
4.Водно санс 17 (6-5)
6.Црн Дрим 16 (5-6)…

Следете нé на социјалните мрежи