Ждрепката за нокаут фазата во Лигата на шампионите донесе вистински повеќе интересни парови.
Најголемо внимание ќе привлече дуелот меѓу Бенфика и Реал Мадрид, кои повторно ќе се соочат. Само неколку недели по драматичниот натпревар во кој голманот Трубин постигна гол во судиското продолжение и го урна мадридскиот гигант. Сега Реал има шанса за реванш, но товарот од тој пораз ќе биде присутен во секој момент од двомечот.
Монако немаше среќа и го доби актуелниот европски шампион ПСЖ и веднаш беше јасно дека “кнезевите“ ги чека исклучително тежок предизвик.
Њукасл пак ќе игра против Карабах, дуел кој на хартија изгледа едноставен, но англискиот тим мора да биде внимателен да избегне изненадување.
Најмногу емоции може да донесе двомечот меѓу Галатасарај и Јувентус. Италијанците се фаворити, но турската публика и атмосферата во Истанбул секогаш знаат да ја променат динамиката и да создадат услови за сензација. Сите парови носат неизвесност и драматични приказни, а оваа фаза ветува натпревари кои ќе се паметат.
Првите натпревари закажани за 17 и 18 февруари, а реваншите една недела подоцна.

Лига на шампиони – 1/16 финале
Бенфика – Реал Мадрид
Бодо/Глимт – Интер
Монако – ПСЖ
Карабаг – Њукасл
Галатасарај – Јувентус
Клуб Бриж – Атлетико Мадрид
Борусија Дортмунд – Аталанта
Олимпијакос – Баер Леверкузен


































