Во Националната опера и балет во Скопје, вечерва (20 часот), ќе се одржи 71-издание на изборот „Спортисти на годината 2025“.

На оваа традиционална спортска манифестација ќе бидат прогласени и наградени најуспешните македонски спортисти, тренери, спортски тимови и репрезентации и национални спортски федерации за 2025 година, во девет категории.

Во рамки на настанот ќе се одржи и доделување на 500 стипендии „Спортска надеж“, наменети за млади, талентирани македонски спортисти – репрезентативци во различни спортови и категории, како континуирана поддршка од државата за нивниот спортски развој и напредок.

Овде може да ги видите имињата на сите номинирани, а воедно може и да го дадете вашиот глас во изборот.

СПОРТИСТ 2025 – ЖЕНИ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА
СПОРТИСТ 2025 – МАЖИ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА