Со одигрувањето на синоќешните натпревари од 8.коло, познати се сите екипи кои ќе продолжат во нокаут фазата на Лигата на шампионите.
Во петок во Нион (12 часот) ќе се одржи ждрепката за плејофот и осминафиналето.
Правилата на ждрепката се исти како и претходната година. Осумте носители ( Арсенал , Баерн , Ливерпул, Тотенхем, Барселона, Челзи, Спортинг Лисабон и Манчестер Сити), се директни учесници во осминафиналето, а останатите ќе игграат во првата рунда.

Ждрепката има ограничувања: клубовите од истата земја не можат да играат, а тимовите што претходно играле во лигашката фаза не можат да играат.
Носители на плејофот се тимовите од деветтото до 16-тото место, а во првиот натпревар им гостуваат на тимовите што ја завршиле лигашката фаза од 17-то до 24-тото место. Натпреварите се играат на 17/18 февруари и 24/25 февруари.




































