Ракометарите на Исланд се вторите, по Данска кои се пласира во полуфиналето на Европското првенство.
Ова откако во првиот денешен натпревар од последното колос на групата 2, Исланд славеше победата над Словенија со 39-31.
Исланѓаните ја искористи пошироката клупа и направи разлика која противникот не можеше да ја стигне. Елиди Видарсон беше прогласен за играч на мечот со осум гола од девет обиди. Домен Новак беше најефикасен кај Словенија со девет гола, од кои осум беа од пенали. Голманот Милјан Вујовиќ имаше 13 одбрани, но тоа не ја спречи елиминацијата на Словенија.
Словенците по овој пораз останаа и без шанса за третото место во групата. Исланд сега ќе ги чека исходите од другите два натпревари, Хрватска – Унгарија и Шведска – Швајцарија, по што ќе знае на кое место ќе заврши, а со тоа и кој ќе биде нивниот противник во полуфиналето.


































