Само четири натпревари ноќеска се одиграа во НБА лигата.

Тимот на Лос Анџелес Клиперс ја забележа осмата победа на последните девет натпревар.

Клиперс пред својата публика лесно славеа против Бруклин со резултат 126:89. Кавај Ленард постигна 21 од своите 28 поени во првото полувреме. Џејмс Харден постигна 19 поени, Џон Колинс додаде 18, а Џордан Милер имаше 16. Хрватот, Ивица Зубац заврши со дабл-дабл ефект со 11 поени и 10 скока.

Актуелниот шампион Оклахома Сити Тандер, трет пат сезонава, загуби два натпревари во низ.

Откако беа совладани од Индијана Пејсерс, синоќа Тандерс загубија од Торонто Репторс со резултат од 101:103.

Имануел Квикли ги предводеше гостите до победа со 23 поени и 11 скока, Ар Џеј Барет додаде 14 поени и шест скока за 29-та победа на Репторс во сезоната.

Шаи Гилгиус-Александар постигна 24 поени и имаше шест асистенции за Тандер.