Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ ја забележал својата 400 победа на Гренд слем турнирите. Тој стана првиот тенисер што стигнал до оваа бројка.

Во третата рунда на Австралија опен, Ѓоковиќ во три сета ко совлада Холанѓанецот, Ботик Ван Де Зандшулп .

Во мечот што траеше 2 часа и 46 минути, првите два сета Ѓоковиќ ги доби со 6-3 и 6-4. Откако на Холанѓанецот му беше укажана лекарска помош, тој заигра многу подобро. Затоа во третиот сет се играше дури и тајбрејк кој Ѓоковиќ го доби со 7-4 на поени.

Во осминафиналето, Ѓоковиќ ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу Јакуб Меншик и Итан Квин.

Следете нé на социјалните мрежи