Во женска конкуренција беа одиграни пет натпревари од 3.коло на Отвореното првенство на Австралија. Победата на Арина Сабаленка во два тај-брека, триумфот на младата Викторија Мбоко, како и пресвртот на Коко Гоф, го одбележаа денот.

Арина Сабаленка ја победи Анастасија Потапова со два тај-брека и обезбеди осминафинале во Мелбуен.
Белорусинката остана непоразена против Австријката, славејќи четврта победа во четвртиот меѓусебен дуел.
Мечот траеше два часа и четири минути, а Сабаленка не загуби ниту еден сет. Потапова имаше четири сет-топки во вториот сет, но не успеа да ги искористи.

Канаѓанката Викторија Мбоко ја совлада Клер Таусон со 7:6, 5:7, 6:3 и стигна до осминафинале.
Мбоко играше два часа и 20 минути и обезбеди прв пласман меѓу најдобрите 16 на Гренд слем.
Таа ќе се соочи со светската број еден Арина Сабаленка во следното коло.

Коко Гоф загуби прв сет против Хејли Баптиста, но направи пресврт и победи со 3:6, 6:2, 6:1.

Американката загуби само три гема во последните два сета и обезбеди осминафинале. Гоф ќе игра против Каролина Мучова во следната фаза на турнирот.

Следете нé на социјалните мрежи