Одиграни се дел од натпреварите од третото коло на Отвореното првенство на Австралија. Карлос Алкараз немаше премногу проблеми против Корентин Муте, за разлика од Даниил Медведев кој многу се мачеше против Фабијан Марожан.

Карлос Алкараз без проблеми го победи Корентен Муте со 6:2, 6:4, 6:1 за два часа игра. Светскиот рекет број еден изгледаше доминантно и сигурно во својот прв дуел со Французинот.


Томи Пол го совлада Алехандро Давидович Фокина, кој се повлече поради повреда во вториот сет.
Американецот загуби само два гема и повторно ја потврди својата надмоќ против Шпанецот. Пол сега ќе се соочи со Алкараз во четвртото коло на Австралија Опен.


Лернер Тиен го елиминира Нуно Борхес со 7:6, 6:4, 6:2 и стигна до осминафинале. Американецот ја запиша својата втора победа против Португалецот и повторно блесна во Мелбурн.

Тиен ќе игра против Данил Медведев, кој преживеа вистинска драма против Фабијан Марожан.
Марожан водеше со два сета и брејк предност, но не успеа да го затвори мечот. Медведев се врати со 7:5 во третиот сет и потоа доминираше до крајот. Русинот загуби само три гема во последните два сета и обезбеди осминафинале.